Сторителите кои ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат велат од ТППЕ Охрид по пожарот кој избувна вчера во Дебело поле.

Изгорена е голема површина на трска во која егзистираат голем број на птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири саати, информираат од ТППЕ Охрид.

Додаваат дека пожарот е ликвидиран од екипи на ТППЕ Охрид со помош на граѓани и членови на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца.

На терен е интервенирано со четири возила и десет пожарникари, а според проценките, опожарена е површина од околу три илјади метри кадратни. Причините за пожарот засега не се познати, но најверојатно се работи за човечки фактор.

OhridNews

фото: ТППЕ Охрид