Се прават големи напори и интензивно се работи автопатот Охрид-Кичево да биде пуштен во употреба до крајот на 2026 година, изјави во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски дискутирајќи за патната инфраструктура во Македонија, и ангажманот од страна на Владата за изградба на патишта и автопати.

Со моето назначување на директор и со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се прават големи напори за да тој пат биде што побрзо пуштен се надеваме дека крајот на 2026 година тој пат ќе го пуштиме во употреба. Во изминатите шест месеци интензивно работиме на придвижување на работите на овој патен правец, рече Трајановски.

Трајановски рече дека во изминатите години немало доволно координација меѓу надзорот и изведувачот, но со присуството на директорот и јавното претпријатие на терен резултатите се веќе очигледни.

Ние, доста сме ангажирани како јавно претпријатие со оглед на тоа што немало координација и доволно присуство од јавното претпријатие според мое мислење и според мислењето на луѓето коишто работат со мене, немало доволна координација меѓу надзорот и изведувачот. Мислам дека со нашето присуство и со мое лично, скоро секоја недела сум таму на состаноци сето тоа го дотеравме во ред, и мислам дека резултатите веќе се гледаат и на терен. Се гледа кога одите за Охрид дека има многу механизација, многу луѓе и на главниот пат и на пристапните патишта, објасни Трајановски.

Инаку, патот од Подмоље до Охрид е пуштен за сообраќај, а според најавите, до Петровден треба да биде ставен во функција делот од автопатот од Охрид до селото Врбјани.

OhridNews