Се работи со полна пареа на сите подделници на автопатот Кичево-Охрид, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски по денешните остварени работни состаноци за увид во реализацијата на динамичкиот план на работа.

Бевме известени дека се работи со полна пареа и дека во моментов работата на изведувачите Гранит, Синохидро и Илинден се одвива на сите подделници.

Подделница 1 од Кичево до Подвис каде што е изведувач Гранит се работи активно на вијадуктот, на девијацата Лавчани и на неколкуте потпатници.

Подделница 2 од Подвис до Пресека, изведувачите над работите (Гранит/ Синохидро/Илинден) работат на патниот јазол Извор, на Клучка Душегубица, но и на останатите објектите.

Подделница 4 од Песочани до Требеништа каде е изведувач Синохидро се работи на главната траса, особено е ставен акцент на клучка Требеништа, како и на пристапните патишта делница Песочани -Ново Село,Ново Село-Ботун, Климештани-Мешеишта; на патниот јазол Требеништа, но и на другите објекти на подделницата.

Подделница 5 од Требеништа до Охрид (Синохидро/Илинден) интензивно се работи на десниот коловоз, изградба на пристапни патишта долж целата подделница 5,изградба на натпатник кај Подмоље, изградба на клучка Св.Еразмо и изградба на натпатник кај Чекоштина, посочува Трајановски.

OhridNews