Пред публика од сите генерации Ансамбл Билјана синоќа го одржа традиционалниот годишен концерт. Од предворјето на катедралната црква Света Софија одекнуваа звуците на охридската староградска песна.

Гостин на овогодинешниот концерт беше познатиот естраден уметник Наум Петрески, кој придонесе овој настан да биде во полн сјај. Ансамбл Билјана го одржува овој настан веќе девета година по ред, а истиот започнал како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и континуирано се одржува до денес.

 

Ансамблот Билјана како четврта трубадурска генерација во нашиот град тежнее кон зачувување и продолжување а воедно и унапредување на музичката традиција на нашиот град.

OhridNews