Во организација на локалната самуправа, а во соработка со општинскиот Црвен крст и Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, денес, се одржа традиционалниот новогодишен ручек наменет за социјално загрозени лица.
Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Константин Георгиески потенцира дека локалната самоуправа во континуитет се залага за подобрување на животот на сите граѓани и реализира активности кои се дел од програмата за социјална заштита.
- Сите вие сте значен сегмент од нашето општество, а ние сме секогаш тука да креираме можности за подобар живот и надминување на социјалните разлики меѓу сите граѓани. Согласно своите ингеренции општината редовно се вклучува во одбележување на Неделата на солидарност во месец април и Неделата на борба против гладта во месец октомври. Сите под ова небо сме едно исто- сите сме ЛУЃЕ. Затоа да се сакаме, да се дружиме и да си помагаме меѓусебно. Сите заедно да влеземе во една посреќна, поуспешна и побериќетна година со желба за најдобро здравје на сите нас, рече градоначалникот Георгиески.
Најмладите на настанот ги израдува Дедо Мраз кој им подари новогодишни пакетчиња, а се одржа и културно забавна програма.
OhridNews














