Од денеска 11 до 17 февруари во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде поставена традиционалната изложба на книги под наслов: „Роднокрајни автори родени во февруари“.
Во Прличевата одаја на читателите ќе им биде на дофат целокупното творешетво од авторите: Борис Бојаџиски, Владимир Попоски, Панде Шикаловски – Чкалов, Трајан Мартиноски и Ристо Јованоски.
Изложбата на книги може да се види секој работен ден од 9 до 18 часот.
На 13 и 27 февруари во охридската библиотека ќе се одржат бесплатни обуки на тема: Финансиска едукација во соработка со ЕУ Институтот од Скопје. Станува збор за обуки за мудро управување со лични финансии и инвестициски фондови. Двете обуки почнуваат во 18 часот.
OhridNews












