Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (среда) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (четврток) во периодот од 9-13 ч, информира Црвениот крст.

Црвениот крст ги поканува граѓаните и гостите да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

OhridNews