Традиција и духовност низ музика – Концерт посветен на македонските просветители
26.05.25 10:37
Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, по единаесетти пат беше одржан традиционалниот настан посветен на македонската музичка култура, духовност и уметност.
Настанот започна со воведна беседа за животот и делото на македонските просветители од страна на проф. д-р Димитар Пандев. Публиката имаше можност да ужива во извонредни изведби на учениците од Основното музичко училиште – Охрид, под уметничко раководство на м-р Даниел Чуркоски и Елица Рашкова, како и во настапот на пијанистката Викторија Митеска-Малезан.
Во богатата програма беа изведени дела од Ј.С. Бах, П.И. Чајковски, Ф. Шопен, Д. Шостакович и В.А. Моцарт. Посебно внимание привлече настапот на најмладите музичари, чие музицирање беше дочекано со голем ентузијазам и топли аплаузи.
Настанот беше реализиран со поддршка од Охридско-Кичевска Епархија, Општина Охрид, НУ „Охридско Лето“, Ресторан „Св. Софија“ и Културолошка иницијатива „5 до 12“.
Репрезентацијата на Македонија ја совлада Романија 24:23 во драматичен натпревар кој се одигра вечерва на Европското прввенство во Хернинг, Данска Играч на одлука беше десното крило Ненад Костески ...
По повод празникот Св Јован Собор на Св Јован Крстител, во црквата Св Јован Канео денеска се одржа богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г Георгиј Црквата му искажува ...
На одбележувањето на Денот на рибарите на Сараиште, денеска, беше поставен мал банер посветен на прерано починатиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев, кој го загуби животот во...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.