Традицијата продолжува, реализирана планинската тура Елшани-Троуглеш
18.12.24 09:12
Во организација на ЗП „Великамен“ по третпат по ред, се одржа традиционалната планинарска тура по повод Светскиот ден на планината, на релацијата село Елшани – планинарски дом „Троуглеш“.
Настанот, иако одржан под закана од непредвидлива временска прогноза и обилни врнежи во изминатиот викенд, успеа да ги собере најупорните љубители на планината, на кои дождот престана да им претставува предизвик токму на стартот од акцијата.
Планинарскиот дом „Троуглеш“ ги пречека учесниците со топол чај, освежителни пијалоци, ѓомлезе, питулици и други традиционални македонски специјалитети. Покрај гастрономските задоволства, учесниците уживаа во запознавањето со локалните планинарски патеки што ги поврзуваат селата Коњско и Елшани, како и со историјата, традициите и животот на мештаните кои отсекогаш биле тесно поврзани со планината, информираат организаторите.
Настанот беше поддржан од Општина Охрид, а учесниците изразија задоволство од можноста за активен ден поминат во природа, со нагласена почит кон локалната култура и традиција.
Турата ја потврди важноста на овие акции за промоција на природните убавини на регионот и за зачувување на наследството што го нуди овој предел, потенцираат од ЗП „Великамен“.
Актуелни и релевантни теми од светот на финансиите како развојот на пазарите на капитал, финансирањето на растот и развојот на компаниите, алтернативни извори на финансирање, анализа на меѓународни...
На 26 и 27 септември во Охрид ќе се одржи „Ohrid Outdoor Festival 2026“, дводневен спортско-рекреативен настан посветен на outdoor спортовите, активниот начин на живот, природата, авантурата и акти...
Во четврток, 24 септември, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржи културниот настан „Враќање кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.