Традицијата продолжува, реализирана планинската тура Елшани-Троуглеш
18.12.24 09:12
Во организација на ЗП „Великамен“ по третпат по ред, се одржа традиционалната планинарска тура по повод Светскиот ден на планината, на релацијата село Елшани – планинарски дом „Троуглеш“.
Настанот, иако одржан под закана од непредвидлива временска прогноза и обилни врнежи во изминатиот викенд, успеа да ги собере најупорните љубители на планината, на кои дождот престана да им претставува предизвик токму на стартот од акцијата.
Планинарскиот дом „Троуглеш“ ги пречека учесниците со топол чај, освежителни пијалоци, ѓомлезе, питулици и други традиционални македонски специјалитети. Покрај гастрономските задоволства, учесниците уживаа во запознавањето со локалните планинарски патеки што ги поврзуваат селата Коњско и Елшани, како и со историјата, традициите и животот на мештаните кои отсекогаш биле тесно поврзани со планината, информираат организаторите.
Настанот беше поддржан од Општина Охрид, а учесниците изразија задоволство од можноста за активен ден поминат во природа, со нагласена почит кон локалната култура и традиција.
Турата ја потврди важноста на овие акции за промоција на природните убавини на регионот и за зачувување на наследството што го нуди овој предел, потенцираат од ЗП „Великамен“.
Голем број верници утрово се упшатија кон манастирот Сите Светии во селото Лешани, Охридско, каде традиционално се одбележа празникот Сисвети Во 1953 година манастирот Сисвети во с Лешани, охридско...
Охрид викендов е во знакот на трчањето и спортот Јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ привлече повеќе од 2700 учесници од над 30 држави Организаторите оценуваат дека станува...
Денеска ќе се одржи јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ Со цел непречено и безбедно одвивање на спортската манифестација, утрово во делови од Охрид на сила ќе биде посебен ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.