Традиционален концерт во црквата Св. Софија во чест на Св. Кирил и Методиј
23.05.25 09:24
Свечена културна манифестација посветена на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј по 11-ти пат традиционално ќе се одржи во сабота, 24 мај, со почеток во 19:00 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид.
Настанот ќе започне со воведна беседа за животот и делото на светите браќа, која ќе ја одржи проф. д-р Димитар Пандев. Потоа ќе следат музички настапи на ученици од ОМУ „Методи Патчев“, под уметничко раководство на м-р Даниел Чуркоски и Елица Рашкова. На крајот од програмата ќе настапи пијанистката Викторија Митеска-Малезан.
Во рамки на вечерта ќе бидат изведени дела од композиторите Ј. С. Бах, П. И. Чајковски, Ф. Шопен, В. А. Моцарт, Д. Шостакович и други.
Настанот е поддржан од Охридско-Кичевската Епархија, Општина Охрид и НУ Охридско Лето. Влезот е слободен.
Репрезентацијата на Македонија ја совлада Романија 24:23 во драматичен натпревар кој се одигра вечерва на Европското прввенство во Хернинг, Данска Играч на одлука беше десното крило Ненад Костески ...
По повод празникот Св Јован Собор на Св Јован Крстител, во црквата Св Јован Канео денеска се одржа богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г Георгиј Црквата му искажува ...
На одбележувањето на Денот на рибарите на Сараиште, денеска, беше поставен мал банер посветен на прерано починатиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев, кој го загуби животот во...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.