Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
13.01.26 09:22
Со традиционалното дефиле под маски денеска напладне почнува официјалниот дел од Вевчанскиот карневал.
Маскирани, вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција ќе ги прикажaт случувањата од изминатата година во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во светот. Секоја маска носи порака, став или критика кон општеството, политиката или секојдневниот живот. Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар, испраќајќи порака за промена на негативните случувања во општеството. И како што е добро познато, вевчанци, кои важат за љубезен и гостопримилв народ, верни на традицијата, ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат. Изработката, велат, е сложен и креативен процес со рачно изработени оригинални идеи, што ги прават уникатни.
Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, без сценарио и режија организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи. Веднаш по нив следуваат останатите маски, секоја со своја приказна, ќе го привлече вниманието на присутните.
Дефилето почнува попладне, од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде маскираните го вртат Василичарското оро. Потоа ги посетуваат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во Новата година, а од домаќините се дарувани со луканци (колбаси), леб, пари и други дарови. Ноќта пак, придружувани од останатите соселани, одат на Вевчанските извори од каде полнат вода со која прават кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај тој што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година.
Утре, на верскиот празник Свети Василиј Велики одат по имендени во семејствата чии членови го носат името на светецот. Доцна попладнето во центарот на Вевчани манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските.
Манифестацијата почна синоќа со настапи на Влатко Лозаноски, рап-дуото „Пука козметика“ и „Брас брадрс“.
Новата година, според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер со спектакуларен огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски, Оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“ и Перо Бели и групата „Вип“.
Граѓани од населените места во Општина Охрид (Воска, Даљан, Лескајца, Д Лакочереј, с Орман, Чекоштина), кои периодов се соочуваат со зачестени поплави во допис до медиумите тврдат дека причина за т...
Охриѓани не отстапуваат од традицијата Повеќето од нив вечерва со богата трпеза со месо, колбаси на жар, ја слават Василица и „Православна Нова година“ За разлика од останатите градови и места низ ...
На екипата на зимските подготовки кои се во тек, и се приклучи Џанфранко Прибетиќ Хрватскиот репрезентативен пивот потпиша со ГРК Охрид до 2028 година Сто деведесет и шест сантиметри високиот Прибе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.