По две години пауза поради корона пандемијата, во населбата Кошишта вечерва традиционално беше одбележан празникот Василица – Стара Нова година.

Мештаните од населбата повторно се собраа околу василичарскиот оган, со греана ракија, вино и колбаси на жар ја дочекаа Новата година според Јулијалнскиот календар.

Се бараше и паричето. кое оваа година падна кај Климент и Елена Довлеви. Тие го презедоа кумството од старите кумови – Томе и Виолета Кузманоски.

Музиката долго одекнуваше во ноќта, а не изостана ниту огнометот.

Среќна Нова година!

Г.Момироски/А. Стаматоски