Култниот охридски ресторан со децении е стожер на традицијата поврзана со богоjaвланските празници. Пред празникот и на празникот тука свратуваат кумовите на Водици, фаќачот на крстот, бројни гости и посетители. Така беше и оваа година. Новите кумови Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески, заедно со стариот кум, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, членови на здружението „Богојавление“, видни личности, почитувачи на традицијата, вчера по примопредавањето на кумството наминаа во ресторанот „Св. Софија“.
Традицијата продолжува
Во ресторанот Св. Софија во тек е пријавувањето на капачите кои ќе скокаат по чесниот крст. Тие тука пополнуваат пријава и подигаат купон со кој од црква добиваат маичка. До овој момент пријавени се над 750 капачи.
Годинава чесниот крст наместо од брод, како до сега, ќе се фрла од пристаништето.
OhridNews
Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески го презедоа кумството за Водици во Охрид















