Богојавление-Водици, денот на Христовото крштевање и оваа година традиционално по 20-ти пат се одбележа пред хотелот „Мизо“ во населбата Воска.
Помеѓу дваесеттината капачи кои се фрлија во судената вода на Охридското Езеро најсреќен беше Антонио Митаноски.
Според традицијата, фаќачот на крстот од оваа година, ќе биде кум на манифестацијата за наредната година и ќе биде задолжен да подготви скромна трпеза со греана ракија и вино.
Празничната атмосфера беше збогатена со блех-музика, а присутните го искористија сончевото време за заедничка забава и дружење.
Манифестацијата за Водици во Воска ја проследија и голем број припадници на муслиманската вероисповед, кои го честитаа празникот на своите соседи и пријатели.
Фото: М.Постоловски
OhridNews