Лајонс Клуб Охрид, традиционално секоја година го организира Хуманитарниот Новогодишен Концерт. И оваа година, со неговото одржување се овозможува промоција на младите таленти. На концертот ќе настапат талентирани
изведувачи од Охрид, а предвидена е и друга богата програма.

Оваа година влезот за Новогодишниот концерт е бесплатен , а посетителите хуманоста ќе можат да ја покажат на дело за време на самиот концерт со свој индивидуален придонес. Воедно, традиционално Лајонс Клуб Охрид обезбедува средства кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Клубот на концертот ќе го додели Годишното признание „Горна Порта“ кое се доделува на поединци, организации или здруженија, кои со својот професионален или приватен ангажман, постигнале успех во сферата на хуманизмот, културата, науката и уметноста, промовирале граѓански вредности и допринеле за афирмација на Град Охрид и Република Македонија.

Концертот започнува во 20:00 часот.

OhridNews