На сцената продефилираа 52 маски, при што беа доделени четири награди .
Трочленото жири составено од Драгољуб Маневски, Тони Коталески и Анета Јованоска имаа тешка задача. Првото место го освои младата Радмила Периќ од Гевгелија , второто Стојан Панов од Скопје, трета беше Сефели Мирадија од Скопје и четвртот место го освои Штипјанецот Садик Велиов кој беше маскиран во гладијатор .