Традиционално, денес, кај градскиот плоштад се одржа големиот народен собир по повод празникот Свети Великомаченик Димитрија, познат како Митровден.
Меѓу присутните беше и градоначалникот, Јован Стојаноски, кој запали свеќа за здравје, а присуствуваше и на традиционална празнична трпеза на која се служеше посен грав.
Традицијата на одбележување на Митровден кај истоимената црквичка на градскиот плоштад во Охрид пред неколку години ја започна охриѓанецот Никола Велјаноски – Бикче.
OhridNews














