И оваа година, Црвен крст Охрид во соработка со трансфузиолошките служби од Охрид, на 8 и 9  август ја организира традиционалната крводарителска акција “ПЛАОШНИК 2011”. 

Сите хумани луѓе ќе можат да земат учество во акцијата што ќе започне денеска во 17:00 ч. и ќе трае до 14:00 ч. наредниот ден (вторник),  на платото пред црквата Св.Климент на Плаошник.

На сите оние кои ќе дарувааат крв, организаторот на акцијата ќе им возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеќавање на хуманиот гест, информираат од Црвениот крст.

OhridNews