По повод Божиќните празници, членовите на Женски центар Бисера традиционално, како и секоја година, ги посетија старите лица згрижени во Одделението за геријатрија при Општата болница во Охрид.

Празничната софра беше збогатена со домашни специјалитети подготвени од страна на членките на Бисера кои поминаа неколку часови во дружење и разговор со старите лица.

OhridNews