Од 3– ти до 7- ми октомври, ќе се оддржи петтиот Конгрес и 40-тите Октомвриски средби на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија со меѓународно учество – акредитиран од МЛД и Лекарска комора на Македонија, кои традиционално се оддржуваат во Охрид.

Во рамките на Конгресот, ќе биде оддржан и Микробиолошки Симпозиум во организација на Здружението на Микробиолози на Македонија, на тема „Молекуларни методи во Микробиологија„

Темите на овие научно едукативни средби ќе бидат: опасните нови заболувања, нивната епидемиологија , реалност и неопходност за нивно спречување од една страна, а од друга улога на медицинските лаборанти и санитарни техничари во применета на новите технологии во секојдневната пракса.

Конгресот и Октомвриските средби се замислени како мост помеѓу здравствените работници од различни специјалности, а работата ќе се одвива преку усни предавања, постер презентации, пленарни предавања.

OhridNews