Под мотото „Ти си таа промена-заедно за Македонија“ во недела на 6-ти март 2016 година во Охрид, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија ќе го организира традиционалниот 8-мо мартовски марш.

Почеток на маршот ќе биде во 12 часот и според најавите на него ќе земат учество членовите на Форумот на жени од сите градови во Република Македонија. На маршот се очекува да се приклучат и претставници на највисоките партиски тела на СДСМ.

OhridNews