Млад човек во своите 20-ти години од Љубаништа го загуби животот во несреќа што се случи денеска во близина на патниот правец Отешево-Трпејца.

Неофицијално, тој со трактор се спуштал по планински пат во близина М кривината при што од засега непознати причини возилото изгубило контрола и се превртело при што смртно настрадал возачот.

На местото на настанот во тек е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за трагичниот настан.

OhridNews