Еден навивач на Фенербахче почина по пресметката на симпатизерите од Гаталасарај. Навивачот беше избоден до смрт и фудбалскиот спектакл остана во сенка на немилиот настан. Со свое соопштение во јавноста излезе Фенербахче во кое стои :

– Бурак Јилдирим, нашиот брат, беше избоден до смрт од навивачите на Галатасарај во близина на метро станицата. Оваа тежна вест не погоди сите нас. Нека Бог се смилува на нашиот брат, неговото семејство и пријателите, на кои сакаме да им изразиме најдлабоко сочувство за големата загуба.

Што се однесува на мечот победата му припадна на Фенербахче, но Галатасарај математички ја обезбеди титулата во турското првенство.

Мх.П.