Најдобриот американски скијач Боде Милер и неговата фамилија се соочија со голема трагедија, откако им почина двегодишна ќерка Емелин Гер Милер.

Емелин која присуствувала на забава со татко и и’ мајка и Морган Бек паднала во базен и останала без свест. Емелин итно била префрлена во болница, каде што била констатирана смрт. 

Боде Милер во името на семејството се обрати на социјалните мрежи и побара целосна приватност. – Нашето бебе Еми вчера почина. Никогаш не помислував дека ќе доживеам ваква трагедија.

Американецот во 2012 година се ожени со одбојкарката на плажа Морган Бек, а првото дете им се роди Едвард година дена пред ќеркичката Емелин која трагично настрада.

OhridNews