Голема трагедија го потресе англискиот фудбал, откако поранешниот репрезентивец на Англија и член на Астон Вила, Уго Ехиуго почина на 44-годишна возраст.
Како што пренесуваат медиумите од островот Ехиуго починал рано утринава во болниците во Лондон, а причината е срцев удар кој го добил во четвртокот во тренинг центарот од тимот на Тотенхем.
Ехиуго зад своето има запиша над 200 настапи во Премиер лигата во дресот на Астон Вила и Мидлзброу, а со екипите успеа да освои три титули во англискиот Лига Куп. Во дресот на „гордиот албион“ дефанзивецот настапи четири пати и еднаш се запиша во листата на стрелци.
OhridNews