Францускиот пилот Жул Бјанки кој имаше страотен судар минатата сезона на трката „Сузука“ за големата награда на Јапонија почина по деветмесечна борба за живот.


Бјанки се удри во тракторот кој интервенираше на трката со 213км на час по што веднаш со хилекоптер беше префлен во болница.


Деветмесечната борба за живот младиот французин ја загуби и го зави целиот мотоспорт во црно.

Бјанки имаше сериозно оштетување на нервите од главата и само поради кацигата остана жив при сударот.

25-годишниот пилот потекнува од школата на Ферари, а минатата сезона беше дел од тимот на Марусија.

Ohridnews