Ненадејната смрт на капитенот на „виолетовите“, Давиде Астори ја потресе цела Италија. Тој починал во сон во хотелот во кој се наоѓаше цела експедиција на Фиорентина во пресрет на дуелот со Удинезе на „Фриули“ стадионот.
31-годишниот фудбалер не се разбудил од сонот, а докторите кои пристигнале во собата ја констатирале смрта. Мечот помеѓу Џенова и Каљари кој се играше беше прекинат, а сите други натпревари одложени.
Астори кој има играно за Милан, Каљари и Рома после одигрување на средбата со Удинезе требаше да го парафира новиот договор и да ја продолжи верноста со Фиорентина.
Да биде болката уште поголема Астори пред две недели прв пат станал татко, откако неговата сопруга на свет донесе здраво женско дете.
OhridNews