Петмина млади, во средата, во Албанија загинаа во еден рудник кај селото Берадож кај Поградец, кога се обидувале да соберат старо железо, јавува „Макфакс“

Според првичните информации, вотрагедијата живото го загубиле пет млади од семејството Хамоли и тоа тројцата брака Едисон, Ледион и Нертил 23,24, и 25 години, како и нивните братучеди Сазан и Арјан на 20 и 24 години.

Тие починале од труење поради издувните гасови од генераторот со кој тие ваделе вода од делот на рудникот каде имало старо железо.

До сега само двајца од петмината се иавадени од рудникот, соопшти албанската полиција.

OhridNews
извор:„Макфакс“