На 15.09.2026 во 22:00 часот, по преземени мерки од полициски службеници од езерската полиција и од СВР Охрид, во близина на авто камп, на околу 50 метри од копно во водите на Охридско Езеро, пронајдено е починато 31-годишното лице од Скопје.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош. Препознавање извршил член на неговото семејство а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид.

Инаку, на 14.09.2026 во 18:10 часот во СВР Охрид, 68-годишно лице од Скопје за исчезнат го пријави неговиот син, 31-годишен, од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид.

OhridNews