Стартуваше Trainees 2012, програмата на ЕВН Македонија за стручно и професионално усовршување на младите кадри.

Почнувајќи од 1 февруари па следните 12 месеци, 16 практиканти од четвртата генерација на посетители на оваа програма ќе ги учат и практикуваат специјализираните вештини и процеси во компанијата.

Апсолвентите, дипломираните студенти и постдипломци од Електротехничките факултети, економски и правни студии, кои го минаа процесот на селекција и тестирање, ќе се усовршуваат во ситте оддели на ЕВН Македонија по принципот на ротација. 

Практикантите за цело време на програмата  ќе бидат постојано следени од ментори кои се одговорни за поддршка на новиот соработник, негово следење и оценување. Преку оваа програма ЕВН на младите ќе им помогне да го достигнат профилот на важен и вреден работник на една компанија и да ги развијат своите лидерски и менаџерски вештини како идни можности, информираат од компанијата.

На крајот на програмата, а пред истекот на договорот, во зависност од оцената и потребата на компанијата, постои можност учесникот да добие редовно или вработување на определено време. Досега преку овој проект во изминатите три години поминаа шеесетина студенти, од кои дури 54 позитивно оценети, добија редовен работен ангажман во компанијата.  Десетина од нив веќе се на позиции во средниот менаџмент на ЕВН Македонија, или работата како асистенти на управниот одбор и  лидери на специјализирани проекти.

OhridNews