Во Новата година општина Дебарца ќе продолжи со реализација на зацртаните проекти, кои ќе го поттикнат локалниот развој, најави градоначалникот Игрид Трајкоски во празничмната честитка.

„Почитувани, најнапред дозволете ми да ви се заблагодарам за подршката која ми ја дававте во изминатиов период пред се при реализација на бројните проекти кои заеднички успеавме да ги реализиравме за многу краток период.Тие проекти произлегуваат од вашите секојдневни потреби кои се битни за секојдневното нормално функционирање. Изминатава 2013година беа реализирани многу проекти кои ви ги ветив во изборната програма, 2014година ќе биде година каде што општина Дебарца ќе се издигнува во сите сфери како на економски,културен,спортски,образовен и туристички план…. Затоа мои пријатели истомисленици и неистомисленици дозволете да ви посакам многу здравје,среќа и успех во новата 2014г. Нека ни се среќни и весели новогодишните и божиќните празници!“ – се вели во честитката од градоначалникот на општина Дебарца Игор Трајкоски.

OhridNews