Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, изврши увид за текот на активностите за реконструкција на изворите „Наисток“, во селото Велмеј, кои се во завршна фаза. Реконструкцијата се врши со средства доделени од ИПАРД програмата во висина од 508.000 денари. Предвидено е санирање на каптажата, поради која изминатите години доаѓало до понирање на водата.

Градоначалникот ја посети и старата воденица, каде е предвидено уредување на просторот.

OhridNews