Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца ид коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, денеска, на прес конференција упати благодарност до граѓаните кои му ја дадоа поддршката во првиот круг од локалните избори.

-Во оваа прилика исто така би сакал да им изразам благодарност на сите кои во Игор Трајковски, неговиот тим и во Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ  препознаа политичка сила која ќе треба во наредните 4 години да носи одговорност за Дебарца за развој и приклучување кон современите и напредните општини.  Ние целата кампања ја посветивме на граѓаните, презентирајќи програма, презентирајќи проект по проект кои се во интерес на Дебарца.Противкандидатот не се појави  не проговори ниту еден единствен збор, не одговори на ниту едно прашање за промашените негови 16 години.-рече Трајкоски.

Тој рече дека тоа што ВМРО ДПМНЕ во советот на Дебрца ќе го има мнозинството само по себе говори каде треба да се движи Дебрца во вториот круг.

-Сакам и јасно да ве информирам дека како Општина и јас како Градоначалник веднаш по победата ќе започнеме процес на остварување блиски релации со новата Локална самоуправа и новиот Градоначалник на Охрид за да оствариме заеднички проекти, заеднички идеи, заеднички ивестиции од кои придобивка ќе имаат сите жители на Дебрца. Дебрца не е отсечен регион, не смее да остане како транзит  за нечии бензински пумпи. Дебрца ќе ја врземе со Охрид на секој можен начин за да учествува во одлуките и проектите и за да го почуствува новото време и економското зајакнување.-додаде Трајкоски.

Тој очекува на 7-ми април граѓаните на општина Дебарца да му ја дадат довербата со чија поддршка ќе извојува победа во вториот круг од локалните избори.

OhridNews