Неделава по втор пат за краток период, поради дефект,  дојде до прекин во водоснабдувањето во дел од општината Дебрца. Градоначалникот Игор Трајксоки објаснува дека тоа се должи на старата водоводна мрежа, која била изградена пред триесет години и која со текот на времето била амортизирана.

Се работи на отстранување на дефектите и се надевам дека во летниот период нема да дојде до други проблеми на водоводната мрежа, изјави Трајкоски.

Со цел проблемот да се реши градоначалникот најавува реализирање на проект кој е во фаза на подготовка, а со кој се предвидува изградба на дополнителна пумпна станица на потегот од село требеништа до Подмоље, која би се активирала во случај на дефект.

Т.К.