Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, го посети селото Горенци каде оствари средба со жителите кои ги запозна со активностите кои општината конкретно ги превзема за подобрување на животот во селото.

Трајкоски информира за текот на активностите од инфраструктурниот проект за поставување канализациона мрежа во Горенци со што би се решил проблемот со септичките јами.

Од страна на жителите беше поздравена постапката за поставување канализациона мрежа. Меѓудругото беше побарано да се доасфалтираат тампонираните улици, да се изгради спортско игралиште,да се подобри јавниот превоз, како и да се реши снабдувањето со електрична енергија, бидејќи сеуште не бил отстранет настанатиот дефект на трансформаторот.