Додаде дека во текот на кампањата била воведена новина, акцијата од врата до врата, во рамки на која сите заедно презентирале, биле испрашувани, но и на секое прашање давале точен и чесен одговор.
– Со оваа акција имавме можност да ги посетиме граѓаните во своите домови да им ја поделиме нашата изборна програма за локалните избори 2013-2017, исто така имавме можност одблиску да видиме и слушнеме дел од нивните проблеми и стравови со кои се соочуваат , но покрај искажаниот револт од досегашниот градоначалник, видовме и светлина во нивните очи со надеж за подобрување на животот, рече Трајкоски.
На жителите на Дебрца, во наредниот период од 4 години, како градоначалник Трајкоски им вети целосна поддршка.
Изрази благодарност за искажаната доверба и поддршка од граќаните, но и како што рече, огромно жалење за неспремноста на неговиот против кандидат, што не нашол време да излезе и каже барем еден збор во врска со локалните избори.