Македонските репрезентативци Александар Трајковски и Горан Пандев имаа различен учинок со своите екипи во 16-та рунда од Серија А. Трајковски со погодок ја зачини победата на Палермо (4-1) над Фросиноне пред своите гледачи додека Пандев промаши неколку зицер прилики во поразот на Џенова (1-0) на домашен терен од Болоња.


Со трите бодови Палермо се одлепи на четири од опасната зона додека Џенова е една позиција погоре од местата кои водат во понизок ранг.

Ohridnews