Последните измени на Законот за данок за додадена вредност, кои ги усвои владата по предлог на министерството за финансии, предвидуваат Трајна примена на повластената стапка од 5 отсто данок на додадена вредност за увоз на компјутери, софтвер и сончеви колектори.

Со измените на Законот за ДДВ предвидено е и ослободување од ДДВ при увоз на мали пратки од странство со вредност до 22 евра.

Како што информира минитерството за финансии, целта на примената на трајната повластена стапка е зголемување на квалитетот на информатичката технологија и образование, како и овозможување поголемо користење на сончевата енергија како алтернативен извор со што ќе се влијае на намалување на потрошувачката на електрична енергија и други извори за енергија, како и за заштита на животната средина.

Рокот за повластена стапка за наведените добра и услуги истекува на 31 декември 2012 година.

OhridNews