Членовите на Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, изминатиот викенд организираа еколошка акција за чистење на езерското дно во крајбрешјето на селото Трпејца.

Од Езерото тие извaдија поголема количина најразличен вид цврст отпад, кој беше натоварен на трактор и соодветно одложен.

Во акцијата учество зедоа и членови од Нуркачко-еколошкиот клуб „Пена“ од Тетово, а активностите ги помогна „Нула Отпад“ од Скопје.

Фото галерија:

Трактор отпад „наполнија“ охридските нуркачи од езерските води кај Трпејца

OhridNews