Претседателот Доналд Трамп ја оствари заканата. Тој објави дека се повлекува од договорот за климатските промени постигнат во Париз во 2015 година, потег од кој се вознемири целиот свет, вклучувајќи ги и Кина и Русија, јавува „Макфакс“. Неговата одлука е голем удар за напорите на светско ниво за борба против климатските промени и оддалечување на земјата од многуте сојузници во странство. Тој рече дека САД ќе се обиде да преговара за повторен влез со подобри услови.
“Почнувајќи од денес, САД ќе престанат со имплементација на необврзувачкиот Париски договор”, изјави Трамп за време на објавувањето на одлуката од Белата куќа. Сепак, како што најави, повторното враќање со други услови за него не е приоритет.
“Ако можеме, одлично. Ако не можеме , пак е во ред“, изјави Трамп.
Поранешниот претседател Барак Обама се согласи САД да ги намалат емисиите на штетен гас до 26 проценти во однос на нивотот од 2005 година, а до 2025 година. Според Трамп договорот ги ставал САД во неповолна положва во однос на други земји и им штети на американските бизнис интереси.
Обилните врнежи од дожд ги зголемија водотеците реките во Охридскиот регион Жителите на Вапила на социјалните мрежи споделија видео со кое предупредуваат на опсност од минување преку локалниот мост...
На 09012026 во 19:30 часот од страна на полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во рамки на Регионален центар за гранични работи Запад, лишени се од слобода...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.