Францускиот шампион Пари Сент Жермен и англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед подготвуваат размена на играчи.

„Светците“ на Олд Трафорд сакаат да го испратат Едисон Кавани додека да го доведат Анхел ди Марија кој по трансферот од Реал Мадрид драстично му опадна формата во Премиер лигата.


„Црвените ѓаволи“ минатата сезона имаа сериозен проблем во нападот, а Кавани би било идеално решение кој имаше солидна сезона во Франција и Лигата на Шампиони.

Ди Марија пред да се пресели во Манчестер Јунајтед беше поврзуван и со ПСЖ, но тогашната забрана за трансфери поради кршењето на фер плеј правилата го однесоа аргентинецот во Англија.

Ohridnews