Реал Мадрид наводно бил подготвен да направи трампа со Челзи во летниот преоден рок. Реал бил подготвен да го испрати во Лондон, Хамес Родригез, а од Челзи го бара Еден Азар.
Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез, во Реал пристигна во 2014 година откако беше еден од најдобрите играчи на Светското првенство. Реал за неговиот трансфер на Монаку му плати 80 милиони евра.
Од друга страна Азар долго време се наоѓа во плановите на челниците на Реал, а се шпекулира дека Челзи го проценува на околу 100 милиони евра.
Хамес Родригез оваа сезона има учинок од епт голови и шест асистенции во Примера, додека Азар, кој минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во Премиерлигата, иако сезоната се ближи кон крајот сеуште нема постигнато гол.
„Макфакс“
OhridNews