Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед подготвува трансфер бомба откако сериозни се заинтересира за играчот на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер.
Како што пренесува „Билд“ капитенот на „панцирите“ ќе потпише договор до 2018 година и ќе заработува по 10 милиони евра по сезона, а германците ќе инкасираат 20 милиони за трансферот.
Швајнштајгер во Баерн Минхен пристигна 1998 година како тинејџер и ги помина сите категории. Тој е жива легенда на „баварците“ и никој во клубот не посакува да замине.
Популарниот „швајни“ и менаџерот на Јунајтед, Луис ван Гал соработуваа заедно до 2009 до 2011 година кога успеаја да се пласираат во финалето од Лигата на Шампиони, но не и да триумфираат.
Мх.П.