Околу новогодишните и божиќните празници во англиската Премиер лига кулминираат возбудувањата во мечевите, но голема прашина се крева и кај трансферите.
Зимскиот преоден рок премиерлигашите го користат за дополнување на својот ростер, овој пат во најава се неколку добри и скапи трансфери кои ќе ја размрдаат Англија.
Прв потег на трансфер пазарот ќе повлече Арсенал кој за 35 милиони евра ќе проба да го доведе фудбалерот на Волфзбург, Јулијан Дракслер.
Репрезентативецот на Германија не е во добри односи со клубот и тренерот и трансферот на Емирати може лесно да се реализира во зимскиот преоден рок.
Градскиот ривал на Арсенал, Тотенхем во своите редови го посакува членот на Евертон, Рос Баркли. „Карамелите“ финансиите од тој трансфер ќе ги искористат за ангажман на Морган Шнајдерлин од Манчестер Јунајтед.
Се уште на трансфер пазарот во Анлгија своја цел немаат поставено Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Челси кои се активни секоја година.
OhridNews