Екипите во Премиер лигата трошат најмногу пари кгоа се работи за купување на фудбалери, а границата се помести откако Кристал Палас плати оштета за менаџерот на Њукасл, Алан Пердју.
Тој ќе ја наследи менаџерската палка во клубот бидејќи Нил Ворнок заработи отказ по серијата слаби резултати.
Пердју по менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер беше со најдолг стаж во една екипа, но тој одлучи да ги напушти „страчките“ и да премине во редовите на Кристал Палас.
Деби на клупата од новиот клуб Пердју ќе има на првиот ден од новата година на Вила Парк против Астон Вила.
Мх.П.