Екипата на Вест Хем го престави Жоао Марио како нов фудбалер кој во редовите на „чеканите“ на шестмечсена позајмица се пресели од италијанскиот калчолигаш Интер.

„Нероазурите“ за португалскиот репрезентативец издвоија 35 милиони фунти летото 2016 година, веднаш после Европското првенство во Франција и воопшто не ги оправда.

„Чеканите“ после завршување на сезоната имаат опција да го откупат договорот на Жоао Марио кој изнесува 26 милиони фунти.

OhridNews