Германскиот гигант Баер Минхен го пикираше аргентинскиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Анхел ди Марија за приоретен трансфер периодот кој доаѓа.
Пред почетокот на оваа сезона „црвените ѓаволи“ за офанзивниот фудбалер ги срушија сите бариери во Премиер лигата плаќајќи му на Реал Мадрид 75 милиони евра.
Ди Марија иако нема некој слаб учинок во Премиер лигата, сепак, навивачите и целата јавност во Англија очекуваше многу повеќе од фудбалерот, кој беше прогласен за најдобар во финалето од Лигата на Шампиони меѓу Реал и Атлетико Мадрид.
Убедливиот пораз од Барселона во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони и елиминацијата во Купот на Германија го вклучи алармот во Баерн Минхен.
Покрај шпанскиот тренер Пеп Гвардиола на удар се најдоа и фудбалерите кои не наликуваа како играчи на Баерн Минхен на мечот одигран на Ноу Камп во ЛШ.
Мх.П.