„Црвените“ од Енфилд водат финални преговори со Интер за хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ, кој би бил четврто засилување во клубот.
Премиерлигашот во името на Ковачиќ гледа потенцијална замена за капитенот Стивен Џерард, кој го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
До сега на Енфилд како слободни фудбалери пристигнаа Дени Ингс, Џејмс Милнер и голманот на Болтон, Богдан.
Но, „црвените“ за услугите на хрватскиот репрезентативец ќе платат 20 милиони евра бидејќи се уште е под договор со италијанскиот калчолигаш.
Следната сезона Ливерпул ќе настапува во Лигата на Европа, а целта на клубот е враќање во големата четвртока на табелата.
Ohridnews