Од 1964 година точно 52 години ниту еден фудбалер нема директно преминато од Ливерпул во Манчестер Јунајтед и обратно. Лесно може да се случи прекин на ова ривалство надвор од теренот, а „среќникот“ да биде Џо Ален.
Репрезентативецот на Велс кој имаше одличен настап на Европското првенство во Франција од сенка излезе на листата потенцијални засилувања кои ги има впишани Жозе Мурињо во својот бележник.
Овој трансфер според англиските медиуми има голема веројатност да се реализира бидејќи Ален не може да најде заеднички јазик со управата околу новиот договор.
Стариот договор помеѓу Велшанецот и „црвените“ од Енфилд е до јуни 2017 година, а после тоа тој е слободен фудбалер и без никаква оштета може да се приклучи на било кој клуб.
Лошата трансфер комуникација меѓу „црвените ѓаволи“ и Ливерпул датира од 1964 година кога за последен пат фудбалер преминал од еден во друг клуб.
Последен такво задоволство имал Фил Чишнал кој за 25 000 фунти тогаш рекордни во Англија преминал од Олд Трафорд на Енфилд.
Во реализација на трансферот Мурињо ќе има голема помош од Јирген Клоп кој го нема во своите планови фудбалерот за врска.
Оштетата која „ѓаволите“ ќе ја платат за евентуален премин на Ален на Олд Трафорд би требало да изнесува 15 милиони фунти.
Во минатото за екипите настапувале играчи кои го носеле дресот на Ливерпул и Манчестер, но никогаш не трансферирале директно, нешто што може да се промени ова лето.
OhridNews